Agnesa Logo
← Назад кон сите совети

Пролетна трансформација: Целосен водич за чистење и подготовка на градината

Пролетна трансформација: Целосен водич за чистење и подготовка на градината

Пролетта е најдинамичниот период кога станува збор за градината, бидејќи доаѓа време за расчистување, садење, обезбедување на алати и создавање основа за една прекрасна сезона. Овој водич ќе ти помогне да ги завршиш сите важни работи навреме, како вистински професионалец.

1. Отстрани ги сувите гранки, листовите и старите растенија

градинарски ножици
градинарски ножици

Првиот чекор е целосно чистење! Ова е фазата кога го подготвувате теренот за нов раст. Користете градинарски ножици, косилки, дувач за лисја или електрични тримери за подобар резултат.

2. Подгответе ја почвата

обработка на земјата
обработка на земјата

Започнете со обработка на земјата. Ископајте, отстранете камчиња и додадете малку хранливи материи. Март е идеален период за подготовки пред првите садења на разни цвеќиња и растенија кои ќе ја разубават вашата градина.

3. Провери го системот за наводнување

Системите за наводнување
Системите за наводнување

Системите за наводнување во зимскиот период секогаш се „на пауза“, па поради тоа неопходно е да проверите дали случајно се јавуваат одредени протекувања, дали има оштетувања на спојки, во каква состојба се цревата, дали прскалките за наводнување правилно функицонираат и слично.

4. Подготви ги сите неопходни алати за сезоната

електрични косилки
електрични косилки

Пролет значи активна градинарска работа. Во таа смисла, провери ги алатите кои ги поседуваш и нивната исправност, или набави ги оние алати кои ти недостасуваат, а мислиш дека значително ќе ти користат во разубавувањето на градината, како на пример: тримери, електрични косилки, рачни ножици, лопати и други рачни алатки, перачи под висок притисок итн.

5. Организирај ја градинарската опрема

кутии за прибор
кутии за прибор

Практичноста ќе ви заштеди време преку целата сезона. Обезбедете си разни кутии за прибор, алат и материјали, држачи, полици и слично, така што секој алат ќе си има свое место.

6. Засади сезонски растенија и цвеќиња

цвеќиња
цвеќиња

Станува збор за веројатно најубавиот дел од работата! Размисли за местоположбата на која ќе ги посадиш растенијата и цвеќињата, каде има повеќе сенка, каде и колку се изложени на сонце и слично, бидејќи тоа ќе влијае значително на успехот од садењето. Визуелниот ефект на градината кој ќе следи во подоцнежните недели ќе биде фантастичен, а истовремено може да насадите и зеленчук или овошје, во чии вкусови ќе уживате во текот на целата година.

7. Додади надворешно осветлување

надворешно осветлување
надворешно осветлување

Надворешното осветлување не само што придонесува за подобрување на естетиката и визуелниот ефект, туку истовремено ќе ја подобри безбедноста и видливоста во вашата градина. Направете мал и креативен амбиент, така што ќе додадете LED светилки, рефлектори, соларни ламби или можеби ќе направите мали патеки украсени со светилки.